Чаба Короши е новиот претседател на Генералното собрание на ОН

LinkSense.mk

Унгарскиот дипломат Чаба Короши положи заклетва како нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, јави МТИ.

Короши вчера положи заклетва на Повелбата на Обединетите нации во присуство на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Абдула Шахид.

Во својот говор по инаугурацијата, Короши порача дека војната во Украина мора да заврши што е можно поскоро и дека треба да прекине огнот и им се заблагодари на Унгарија и на земјите од Источна Европа за поддршката.

Со инаугурацијата на Короши започнува 77. сесија на Генералното собрание на ОН.