Четири хеликоптери полетаа кон Пехчево

Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа утринава од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Тој на Фејсбук објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион.

„По извршеното изведување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар“, напиша Ангелов.

 

 

(Фото: МИА)