Чиле повторно го „затвара“ главниот град Сантијаго

Чилеанските здравствени власти најавија вчера повторно „затварање“ на главниот град Сантијаго после едно од најголемите ширења на случаи заболени со ковид-19 од почетокот на пандемијата, и покрај тоа што во Чиле вакцинираа половина од жителите.

Потврдениот дневен број на случаи со корона вирус во целата држава порасна за 17 отсто во последните две недели и за околу 25 отсто во Сантијаго и во регионот околу него, каде вкупно живеат околу половина од жителите во целата држава.

Креветите за интензивна нега во главниот град сега имаат пополнетост од 98 отсто, а Хосе Луис Еспиноза, претседателот на чилеанската Национална федерација на здружението на негуватели, предупреди дека нивните членови се „на раб на колапс“.

Чиле има една од најголемите стапки на вакцинација во светот – околу 75 отсто од 15-те милиони жители веќе примија барем една доза вакцина, а речиси 58 отсто се вакцинирани со по две дози. Оваа држава е водечка по вакцинација на јужноамериканскиот континент.

Според податоците на Ројтерс, Чиле во споредба со поголемите држави е водечка во вакцинирањето во Америка и петта во светот, со досега употребени 23 милиони вакцини.

Но, медицинските експерти предупредуваат дека вакцините не се сто отсто ефикасни и дека постои временски период пред тие да ја постигнат својата ефикасност, да создадат максимум антитела.

Од 7716 лице во Чиле за кои меѓу средата и четвртокот е потврдено дека се заразени, 73 отсто не се вакцинирани во целост, а 74 отсто се помлади од 49 години, соопштија од тамошното министерство за здравство.

Од чилеанскиот здравствен регулатор, ИСП, информираат дека секвенцирањето на геномот на инфекција меѓу декември, лани, и јуни оваа година, бразилската варијанта П1 е најраспостранета во земјата и „двојно позаразна од изворниот вид“ на вирусот.

(Фото: ЕПА)