Швајцарија: Половина тон кокаин пронајден во магацин на „Нестле“

LinkSense.mk

Повеќе од половина тон кокаин во товар со зрна кафе е пронајден во фабрика на швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“ на западот од земјата.

Полицијата на швајцарскиот кантон Фрибург соопшти дека вработените во фабриката „Нестле“ во градот Ромон, каде што се произведува инстант кафе во капсули, пријавиле дека во контејнер со вреќи со кафе пронашле бела материја.

Анализите покажале дека во случајот се работи за 500 килограми кокаин во вредност од повеќе од 50 милиони швајцарски франци, се нагласува во соопштението.

Од фабриката информираат дека дрогата не дошла во контакт со ниту еден од производите или со индустриска опрема.

Бидејќи полициската истрага е во тек, не можеме да дадеме повеќе детали. Само сакаме да ги увериме потрошувачите дека сите наши производи се безбедни за консумирање“, се додава во соопштението на фабриката.

 

 

 

 

 

(Извор: Новости)