Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шведска е отворена целосно да ги помогне реформските процеси што ги најави Владата на Република Македонија
Македонија

Шведска е отворена целосно да ги помогне реформските процеси што ги најави Владата на Република Македонија

јули 28, 2017Updated:јули 28, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска оствари средба со амбасадорот на Шведска во Република Македонија, неговата екселенција Матс Стафансон.
Амбасадорот Стафансон ги пренесе честитките на владата на Кралството Шведска, за изборот на новата влада и за именувањето на Зоран Заев за премиер, особено за импресивните остварувања на Владата на Република Македонија уште во првите два месеци од мандатот и додаде дека неговата земја е отворена целосно да ги помогне реформските процеси што ги најави македонската влада.
Премиерот Зоран Заев се заблагодари на отворената поддршка и истакна дека Шведска и досега имаше изразено пријателски и поддржувачки пристап во периодот на разрешувањето на политичката криза во Република Македонија. Премиерот Заев истакна дека за Република Македонија е исклучително позитивен и конструктивен пристапот на Шведска, како и на Европската Унија и дека со поддршката на пријателските држави секогаш е многу полесно да се решаваат предизвиците и процесите што се исправени пред земјата.
Претседателот на Владата на Република Македонија го информираше амбасадорот Стафансон за првите успешни спроведени мерки и отворени процеси од Планот 3 – 6 – 9. Премиерот Заев нагласи дека мерките предвидени со овој реформски план на владата, освен што имаат за цел да ги забрзаат процесите и да ги отстранат пречките на патот до НАТО и ЕУ, создаваат и амбиент за целосно заокружување на демократските процеси, за создавање услови за спроведување на реформите во правосудството, за владеење на правото, за медиумските реформи, како и за другите процеси опфатени во првите три месеци од планот.
Посебно внимание на средбата со амбасадорот на Кралството Шведска беше посветено на регионалната и на билатералната соработка на Република Македонија со земјите од Западен Балкан.
Премиерот Заев го запозна амбасадорот Стафансон со активностите што следуваат во врска со потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во Република Бугарија, како и за останатите преземени чекори за подобрување на односите со соседните земји на Република Македонија и со другите држави во регионот.
Шведскиот амбасадор ја поздрави проактивноста и иницијативноста на Република Македонија на овој план и изрази мислење дека е од исклучително значење тоа што го постигнала владата и премиерот Заев во однос на релациите со соседите.
Премиерот Заев и амбасадорот Стафансон разговараа и за други настани што ја очекуваат Република Македонија во претстојниот период, особено за спроведувањето на локалните избори.
актуелно Влада на РМ Зоран Заев македонија шведска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.