Шведскиот премиер поднесе оставка

LinkSense.mk

Премиерот на Шведска, Срефан Лофвен понуди денеска оставка и најверојатно ќе го наследи министерката за финансии, Магдалена Андерсон.

Лофвен, поранешен заварувач и синдикален преговарач, е на чело на малцинската коалиција од 2014 година и претходно оваа година најави дека ќе се повлече пред следните избори, кои би требало да се поддржат во јули 2022 година, пишува АФП.

Ако Андерсон стане премиерка, ќе биде прва жена на чело на шведката влада. Нејзе ќе и треба поддршка од расцепканиот парламент за превземање на премиерската должност.

Мораат да ја поддржат Зелените, коалицискиот партнер на социјалдемократите, и Левица и Центар, кои се надвор од владината коалиција, но главно ги поддржуваат предлозите на владата. Лофвен до изборот на нов премиер ќе ја води привремената влада.

Да потсетиме, шведскиот парламент во јули повторно го избра социјалдемократот Стефан Лофвен за премиер, којшто еден месец пред тоа понуди оставка, откако загуби на гласањето за доверба.

(Фото: ЕТА)