Шега на „Твитер“ ја пикна в затвор

Дваесет и едногодишната Касандра Вера, шпанска државјанка, е прогласена за виновна и осудена на една година затвор поради величење на тероризам и понижување на жртви од тероризам, откако на Твитер се шегувала со атентатот на ЕТА на адмиралот Луис Кареро Бланко во 1973 година, убиство кое се случило кога таа и не била родена.

Касандра во текот на последните години објавила 13 „твитови“ и шеги поврзани за атентати.

Некои од твитовите кои ги испратила „во етерот“ се: „Комбинираната политика на ЕТА против користењето службени автомобили во корист на вселенска програма“, „Дали Кареро Бланко исто така се врати во иднината со овој автомобил?“ и „Ако ИРА ја убиеше Маргарет Тачер, тоа ќе беше ирски Кареро Бланко“.