Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Македонија покажа дека го заслужува своето место во НАТО бидејќи ги решава проблемите
Македонија

Шекеринска: Македонија покажа дека го заслужува своето место во НАТО бидејќи ги решава проблемите

јануари 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Неколку недели ја делат Македонија од седнувањето на столчето во НАТО заедно со останатите земји членки откако земјата го заврши својот дел од обврските поврзани со Договорот од Преспа, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата во Скопје со шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел.

Како одличен тајминг ја оцени посетата на генералот Ленгиел министерката Шекеринска на заедничката прес-конференција, додавајќи дека на денешната средба меѓудругото разговарано за начините за унапредување на соработката со американската национална гарда.

Таа напомена оти шефот на Бирото на националната гарда на САД е исклучително важен партнер за Македонија бидејќи земјата долги години стекнува искуство од соработката со гардата на Вермонт.

„Овој момент во кој разговаравме за тешките предизвици со кои Македонија се соочуваше изминативе години моравме да спомнеме дека посетата навистина е во одличен тајминг, во момент кога Македонија покажа дека го заслужува своето место во Алијансата и поради тоа што знае да ги решава, а да не ги смрзнува и чува своите проблеми. Минатата година со потпишување на Договор меѓу Македонија и Грција, а годинава со усвојување на уставните промени покажавме дека како држава можеме да се ослободиме од тегот што долги години не влечеше кон дното, што не и дозволуваше на Македонија да го заземе своето заслужено место во НАТО и не ни дозволуваше да бидеме доволно амбициозни, ниту во поглед на нашето НАТО,  ниту во поглед на нашето ЕУ членство, истакна министерката за одбрана.

Таа додаде дека земјата успеала да го стори тоа, бидејќи меѓудругото и Армијата на Република Македонија била подготвена да стане армија на Алијансата.

Таа напомена дека АРМ сите изминати години инвестирала во своето знаење, професионалност, а меѓудругото тоа било овозможено и со нашите блиски врски со САД, нивната армијата и со нивните национални гарди.

Шекеринска потсети дека околу 5.000 припадници на АРМ биле вклучени во заеднички активности со Армијата на САД. Македонија и Вермонт беа модел на соработка кога првпат во 2010 година заедно настапија и упатија свои припадници во рамки на операцијата „Феникс“ со силите на ИСАФ во Авганистан.

„За нас како држава и за АРМ од извонредено значење е билатералната соработка што ја имаме со Норвиџ универзитетот, каде пред неколку дена беше упатена уште една нова кадетка за да ги продолжи своите студии, истакна Шекеринска.

Оваа година ќе се одржи заедничката вежба „Одлучувачки удар“. Во Македонија ќе пристигнат над  илјада војници од 56. бригада на Пенсилванија на заедничка обука со војниците на Првата механизирана бригада.

Генералот Ленгиел, кој е во негова прва посета на Република Македонија, рече дека Националната гарда на САД е горда што што е партнер со Армијата на Република Македонија и со македонските граѓани.

„Вашата армија е распоредена со нашата Национална гарда и таа беше  првата армија која беше распоредена во Авганистан заедно со нас и обезбеди голем придонес за подготвеноста на нашите  партнери и им овозможи на нашите сојузници и нам да се обучуваме заедно на армискиот полигон Криволак и тоа не само сега, туку се надевам дека тоа ќе продолжи и во иднина, истакна американскиот генерал.

Нагласи дека највисоките воени лидери на САД се свесни и благодарни за се поголемата растечка воена способност на Македонија кои придонесуваат за стабилноста и безбедност на Западен Балкан, напоменувајќи дека партнерството меѓу Вермонт и Македонија оваа година одбележува 25 години од соработката не само припадниците на Националната гарда во Вермонт, туку и припадниците на гардите во Минеста, Масачусетс, Тенеси и Хаваи ја посетиле Македонија.

„Војската на САД ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон полноправна евроатлантска интеграција  вклучувајќи ги и активностите за влез во НАТО и ЕУ, преку спроведување на судски реформи, зајакнување на демократските институции во земјата и борба против корупција и развивање на конкурентско стопанство и слободен пазар. Го поздравуваме изгласувањето на уставните измени од страна на вашето Собрание кои се неопходни за исполнување на обврските на Македонија согласно Преспанскиот договор, рече генералот Ленгиел.

Тој изрази благодарност за придонесот на македонската армија како иден партнер на НАТО и додаде дека со нетрпение го очекуваат моментот да ја поздрават Македонија како најнова членка на НАТО во блиска иднина.

актуелно ЕУ македонија НАТО членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.