Шекеринска: Словенија ги става на располагање своите капацитети за гасење на пожарите кај нас

– Штотуку разговарав со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин – Словенија ги става на располагање сите свои капацитети за гасење на пожарите кај нас, објави на нејзиниот ФБ профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Веќе започна комуникацијата помеѓу институциите. Благодарност до нашите пријатели и сојузници во НАТО. Благодарам Матеј!#НиеСмеНАТО, напиша Шекеринска на фејсбук.