Шест лица настрадаа во пожар во Русија, меѓу нив две деца

Шест лица го изгубија животот во пожар кој изби во приватна куќа во градот Курган во Уралската област, а меѓу нив и две деца, соопшти денеска прес службата на регионалниот огранок на рускиот Истражен комитет.

Еден човек е префрлен во болница во многу сериозна состојба, пренесе агенцијата ТАСС.

Покрената е истрага, а според првите резултати причина за пожарот е неисправна печка.