Шефот на украинската безбедност му порача на Медведев: „Најди бункер за да се скриеш“

LinkSense.mk

Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, одговори на заканите од заменикот на Путин, Дмитриј Медведев.Му порача да „најде бункер за да се скрие“.

Да потсетиме, Медведев му се закани на режимот во Киев и рече „дека ова е само загревање и детска игра за ултиматумите што следат“.

Пред тоа, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува услови.

„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на земја како Северна Кореја и на бункерот во кој ќе се скрие. Конечно нека престане да пишува „Русија“ со голема буква и нека се навикне на фактот ‘дека тие се уште не се повлекле’“, објави Данилов вчера доцна попладнето на Твитер.