Штербик најави крај на кариерата

Еден од најпознатите ракометни голмани Арпад Штербик на крајот на сезоната ќе ја заврши својата трофејна кариера, пренесуваат медиумите во Унгарија каде што тој настапува за Веспрем.

Поранешниот репрезентативец на Југославија, Србија и Црна Гора и Шпанија, роден во Сента, со активно играње ќе престане со неполни 41 година.

Легендарниот голман одби да го продолжи договорот со унгарскиот шампион затоа што сака да ја заврши кариерата.

Почна во Југовиќ, од каде што премина во Веспрем, а потоа во Сиудад Мексико, Атлетико Мадрид, Барселона и Вардар, пред да се врати повторно во Веспрем минатата година.

Дури четити пати ја осволуваше Лигата на шампиони, а во 2005 година беше прогласен за најдобар играч на светот.

Со репрезентацијата на Југославија освои две бронзани медалји на шампионатот на светот во 1999 и во 2000 година, додека со Шпанија беше првак на Европа и светот, со уште едно сребро и бронза.