„Што стои на патот во спроведувањето на антикорупциското законодавство?“

„Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), којашто ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Што стои на патот во спроведувањето на антикорупциското законодавство?“ во организација на Европското движење.

Воведни обраќања на сесијата ќе имаат националната координаторка на НКЕУ-МК и професорка на Филозофскиот факултет при УКИМ, Милева Ѓуровска и директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај.

Во дебатата ќе бидат вклучени претставници на здруженија и асоцијации, на синдикатите, универзитетски професори, како и експерти од Словачка.