Новак Ѓоковиќ ја започнува својата 377-ма недела на врвот на АТП листата, со што се израмни со Штефи Граф.Следниот понеделник веќе е сигурно, ќе го собори рекордот, пишува „Спорт Клуб“.
Првпат Ѓоковиќ беше на чело на АТП листата на 4 јули 2011 година, и еве, неполни дванаесет години подоцна, се уште е таму.
После титулата во Ротердам, Данил Медведев се врати во топ 10 и сега е осми на АТП листата, едно место зад Феликс Оже-Алијасим и Холгер Руне.
Ранг во кариерата во првите 100: 32. Јошихито Нишиока, 40. Талон Грикспор, 58. Грегоар Баер, 63. Бернабе Запата Мираљес, 74. Џејсон Кублер, 81. Хуан Пабло Вариљас, 82. Мајкл Мо, 91. Емилио Гомез
Најголем скок неодамна направи Танаси Кокинакис +41 и стаса до 100 место, Талон Грикспор +21 и е на 40 место, Хуан Пабло Вариљас се искачи за 20 места, до 81 место, Раду Албот за 14, до 99 место, Грегоар Баер за 13, до 58 место, а Бернабе Запата Мираљес за само едно место, беше 65-ти, а асега е на 63 место.
Најголем пад забелажа Фабио Фоњини, беше 66-ти, а сега е на 86 место, Роман Сафијулин се „симна“ за 14 места, на 97 место, Бенџамин Бонци за 12, на 60 место, а Лоренцо Сонего „падна“ на 71 место, а беше шеесетти.