Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ѕанакопулос: Солун не треба да им врти грб на северните соседи
Македонија

Ѕанакопулос: Солун не треба да им врти грб на северните соседи

декември 14, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
(ФОТО:МИА)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денес се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во пресрет на говорот на Алексис Ципрас во Солун.

„Не сакаме Солун да биде со завртен грб кон северните соседи, напротив да го врти погледот кон север, да ги прифати соседите, да биде град на демократијата и на светлината, вели Ѕанакопулос.

Во интервјуто за солунското радио “Флеш 99.4”, потенцира дека Ципрас нема да се обрати како премиер, туку ќе учествува на политички настан организиран од СИРИЗА, најголемата партија во владината коалиција, јави дописничката на МИА од Атина.

„Станува збор за политички настан на една партија, не станува збор за владин процес и ова треба да го сфатите и вие, но да го сфатат и екстремно десничарските јадра и екстремно десничарските сили кои што сакаат да создадат тензија што не му прилега на демократски Солун, објаснува портпаролот на грчката Влада.

Ѕанакопулос, коментирајќи ги закажаните протести во Солун, вели дека тоа се контра протести и практики што не може да ги прифатат како демократска земја и демократско општество.

„Како ќе ви изгледаше доколку СИРИЗА поддржуваше контра протест на Конресот на Нова демократија за да протестира за пораките што денес ќе ги прати господинот Мицотакис за време на неговот говор на почетокот на Конгресот, прашува портпаролот на грчката Влада и министер без ресор .

Во однос на Договорот од Преспа, Ѕанакопулос вели дека со уставните измени постои целосно почитување на договореното, истакнува дека треба да се инсистира на фактот дека “реално е голема историска шанса за да се реши, можеби последното, големо идентитетско прашање на Балканот”, но и дека според него, со стапувањето на сила, договорот ќе доведе до нова ера во регионот.

„Од измените на Уставот што се во тек во поранешната југословенска Република Македонија произлегува дека постои целосно почитувањена Договорот од Преспа кој конечно, ги решава прашањата поврзани со иредентизмот и можните прашања што ќе можеа да произлезат ако не стигневме до заемно прифатлив и правно обврзувачки договор, коментира Ѕанакопулос во интервјуто, пренесе МИА.

актуелно Договор македонија преспа Сириза
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.