Јанушев, Кирацовски и Асани повикаа на фер, регуларни и чисти избори в недела

LinkSense.mk

Шефовите на изборните штабови на претседателските кандидати Игор Јанушев, Александар Кирацковски и Флорин Асани денеска заедно апелираа до сите граѓани, политички чинители, медиумите и сите останати за фер, регуларни и кристално чисти избори в недела на 21-ви април.

Јанушев ги повика граѓаните најмасовно што може да излезат и да го искористат своето демократско право на глас.

„Посакувам фер битка на 21 – ви април, како на претседателскиот кандидат на власта Стево Пендаровски, така и на претседателскиот кандидат Блерим Река. Од власта очекуваме како најодговорна да спроведе фер и демократски избори, изјави Јанушев, додавајќи дека граѓаните знаат да ја препознаат вистинската личност за која треба да го дадат својот глас.

Асани осврнувајќи се на тоа дека досега кампањата била проевропска кампања, без инциденти, ги повика граѓаните на 21- ви април да гласаат за кандидатот на кој му веруваат.

Кирацовски повика заедно да покажат висока демократска зрелост, политичка свест и да овозможат граѓаните на мирни, слободни, фер избори, слободно да ја изразат својата воља.

„Институциите на сиситемот, согласно информациите кои ги имам, се комплетно подготвени да овозможат слободен, регуларен, фер изборен процес и изборен ден, рече Кирацовски, додавајќи оти овие избори не се само за претседател, туку преку овие избори ќе покажеме и ќе потврдиме дека сме достојни на патот кон евроатлантските интеграции.

Оливер Деркоски претседател на ДИК, посака да победи подобриот, оној за кој граѓаните мислат дека треба да ја добие довербата. Подвлече дека оваа кампања поминува во релативно мирна атмосфера и така треба да продолжи и во иднина треба, рече, да се одвиваат кампањите без разлика кој е власт и опозиција.

На новинарско прашање колку ќе чинат претседателските избори, Деркоски информира дека финансискиот план од буџетот е одобрен за 299 милиони денари.

„Досега се движиме во таа рамка, водиме сметка за разционално трошење на средствата. Мислам дека и оваа кампања, како и минатата за референдумот ќе потрошиме помалку од предвидените средства, рече претседателот на ДИК.

Инаку, според податоците на ДИК, утре ќе гласаат околу седум илјади граѓани и тоа 1.640 во КПУ, седум внатрешно раселени, 1.781 во ДКП, . 71 старечки домови и вкупно 3.539 болни и во куќен притвор.