Јанушев: Криминал е кога директорот братучед на сопругата ќе даде тендер на братучедот на генералниот секретар на Влада, а Шилегов ќе аминува

Скопје, 26 април 2020

Роднинската струмичка тендерска спрега во Дрисла открива сомнеж за
криминал.

Практично град Скопје и Петре Шилегов се ставени на услуга на струмичкото бизнис лоби на Заеви и во 4 очи сред криза со корона склучува договори од 12 милиони денари.

Веќе трет ден молчат Петре Шилегов и Коста Начевски–директорот на Дрисла, како и на кој начин ја одбрале фирмата Алпима ТИМ ДООЕЛ Струмица на Александар Пиперевалиев за милионскиот тендер за градежни машини во ЈП Дрисла.

Трет ден гледаме само молк и бледи соопштенија што уште еднаш потврдува дека ја кријат поврзаноста меѓу себе и сакаат овој тендер во оваа вонредна состојба да помине незабележан од јавноста.

Ова се вика профитерство на криминално-рекетарската банда на власт во услови на корона.

Имено, сопственикот на фирмата која го доби тендерот е близок до семејството Заеви и е близок со Драги Рашковски, додека пак директорот на ЈП Дрисла е прв братучед на сопругата на Драги Рашковски.

Очигледно е влијанието на овие ликови, за токму фирмата на Пиперевалиев да го добие овој тендер.

Додека во Македонија бизниси пропаѓаат поради корона кризата, Шилегов преку Дрисла наградува со тендер од 12 милиони денари фирма блиска до Заеви.

Ова е класичен начин на испумпување на парите на граѓаните преку блиски фирми на власта, да не речам нивни.

Да имаа грам морал и доблест денес веќе првите луѓе во градот Скопје и Дрисла поради тендерот во 4 очи ќе ги напишеа своите оставки, а ОЈО ќе испитуваше криминал.

Почитувани,

За ова некој мора да одговара и ќе одговара.

Срамота и жалосно е додека граѓаните мака мачат со здравствените и економски предизвиците од Корона вирусот, СДСМ ја користи секоја можна прилика да намести по некој нов тендер.

Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да го испитаат случајот.

Доколку тоа не го направат сега, многу набрзо ќе има ревизија на сите вакви тендери за кои има сомнеж дека се наместени, а верувајте ги има многу.

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ