Јапонија: Земјотрес го „испразни“ Олимпиското село

Земјотрес со јачина од шест степени по Рихтер го погоди крајбрежјето на областа Ибараки во Јапонија. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот океан.

Како што објавија корисници на Твитер, тресело „добри“ 30-тина секунди.

Американскиот институт за геологија соопшти утринава дека на источниот брег на Јапонија е регистриран земјотрес со јачина од 5,8 степени, но и бројни помали потреси во Тихиот океан, во близина на јапонскиот прег.

Регистрираниот земјотрес имал епицентар на длабочина од 10 километри, на оддалеченост од околу 127 километри во правец исток-североисток од јапонскиот град Хасаки, кој е одалечен околу 103 километри источно од Токио, пренесе Ен-Би-Си.

Геолошкиот институт известува дека во истата област во близина на јапонскиот брег се случиле и други, помали потреси со јачина од 4,1 до 5,1 степен.

Според прелиминарните сеизмички податоци, овој земјотрес не предизвика значителна штета.