Јапонија: На повидок нов лек против корона

Јапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека започна нова фаза од третото испитување на лекот „Авиган“ за примена кај заболени со ковид-19.

„Новото испитување е насочено на пациенти во раната фаза од болеста со корона кои имаат фактори на ризик за напредување до сериозни симптоми“, пишува во соопштението на „Фуџифилм“, пренесе Ројтерс.

Одобрувањето на овој лек за примена кај пациените со ковид-19 во Јапонија е одложено откако во декември советот на Министерството за здравство објави дека податоците од клиничките испитувања не се конечни.