Ја шутнал топката во Шкотска – завршила во Норвешка

Фудбалската топка на еден мал клуб од Шкотска ја прелетала оградата во текот на еден тренинг и завршила 1.800 километри подалеку – на северот на Норвешка.

Играчите од клубот „Банкс о’ Ди“ од Абердин веќе се простија од топката кога таа паднала во блиската река Ди, меѓутоа, ги изненадил меилот од човек од Норвешка кој ја пронашол.

„Поздрав! Вие дефинитивно имате еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Мојот пријател ка пронашол топката со името на вашиот клуб на брегот. Доста пропатувала. Ние сме одалечени 1.800 километри, северно од Абердин, и се наоѓаме на островот Вана, на северот на Норвешка. Топката е малку валкана после долгиот пат но е потполно употреблива. Погледајте ја фотографијата“, напишал чесниот наоѓач Џон Микалсен.

Нордиската сага на оваа топка на крајот завршила меѓу гранки кои брановите ги исфрлиле на брегот, за разлика од претходните кои никогаш не се пронајдени по паѓањето во реката.

Таа сеуште не е вратена, а од клубот се надеваат дека ќе можат да ги нагостат Норвежаните на еден од своите натпревари, пренесува Би-Би-Си.