Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека владеачката турска Партија на правдата и правото (АКП) може на парламентот да му достави предлог со уставни промени да се прошири моќта на претседателот, пренесува Ројтерс.
„Ако нема некои проблеми, ќе упатиме предлог до парламентот, откако ќе се вратам од посетата на Русија оваа недела“, рекол Јилдирим.
Претседателот на Турција Таип Ердоган и неговите приврзаници сметаат дека на таа земја и треба силно државно водство, слично на системите во САД и Франција.
Противниците стравуваат дека тие промени можат да го зголемат авторитарниот режим во земјата која веќе бележи кршење на човековите права и слободи после неуспешниот државен удар во јули оваа година.