ЈП „Комуна“-Крушево: Граѓаните да испраќаат состојба на водомер до крајот на февруари

Јавното претпријатие „Комуна“ од Крушево апелира до крајот на февруари граѓаните на општина Крушево да ја користат апликацијата „Испрати состојба на водомер“ и преку алатката да ја испраќаат состојбата на водомерот.

Ова е особено важно заради временските услови, состојбата со коронавирусот и поверодостојно наплаќање за вода, информираат од ЈП „Комуна“ од Крушево.

Граѓаните упатството за користење на апликацијата можат да го најдат на следниот линк.