ЈСП: На 11 Октомври автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од Јавносто сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека утре, петок (11.10.2019 година), поради државниот празник 11 Октомври-Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Истиот режим ќе важи и во сабота (12.10.2019 година) и недела (13.10.2019 година).

Во петок (11.10.2019 година) дежурни ќе бидат три билетарници: Транспортен центар 7-19.30 часот Зелено пазарче 7-19.30 часот Ѓорче Петров 7-13 часот.

Во сабота (12.10.2019 година), билетарниците ќе работат со вообичаено работно време, а во недела (13.10.2019 година) вообичаено дежурни ќе бидат посочените три билетарници.