Јувентус го продолжи договорот со генералниот спонзор „Jeep“

Јувентус договори продолжување на соработката со својот генерален спонзор, производителот на автомобили „Jeep“, за нов тригодишен период, што на актуелниот италијански првак ќе му донесе приход од 135 милиони евра.

„Jeep“ е сопственост на компанијата „Exor“, која како и фудбалскиот клуб Јувентус е под раководство на моќното италијанско семејство Ањели.

„Новиот договор е потврда за двостраното задоволство од досегашната соработка меѓу „Jeep“ и Јувентус што започна во сезоната 2012/13, а новиот договор му гарантира на клубот годишен приход од 45 милиони евра“, соопшти „старата дама“.

Сумата, сепак, може да варира во зависност од постигнатите резултати на Јувентус.