Ликовниот педагог и сликар Његош Арнаут е годинешниот добитник на наградата за животно дело „Богомил Карлаварис“ што ја доделува меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.
Његош Арнаут има голем сликарски стаж.
Kако просветен работник со своите ученици добил голем број признанија и награди од различни земји. Успешен е и како иконописец, изработил повеќе иконостаси и слики.
Меѓународното стручно жири на „Мал битолски Монмартр“ одлучи на светската изложба што ќе биде отворена на 23 мај во Битола да претстави 899 избрани ликовни творби.
На манифестацијата ќе бидат доделени 367 награди во различни категории, „Златна четка“, „Златна палета“, дипломи и наградата Гран-при која годинава им припадна на учениците од Спишка Бела, Словачка.







