Њу Орлеанс: Јагуар побегна и уби шест животни

LinkSense.mk

Јагуар кој побегна од Зоолошка градина во Њу Орлеанс уби шест животни, а директорот на Зоолошката вели дека ваков инцидент не им се случил во изминатите 100 години, колку што постојат.

Валерио, тригодишниот јагуар, побегна од својот кафез и уби шест животни пред да успеат чуварите да го успијат и да го вратат во кафезот.

Човечки жртви во инцидентот немаше, пренесе Ен-Би-Си њуз.

„Ова е најголема трагедија која не погоди“, рече директорот на Зоолошката градина, Рон Формен.