Ќе имаме блага зима

Предвидувањата за климатските изгледи за зимата 2016/2017 се дека таа ќе биде блага со голема веројатност за повисоки температури и повеќе врнежи од просекот.

Информациите се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции на климатски карактеристики од поголеми размери.

Моменталните анализи на движечките фактори преточени преку голем број на глобални компјутерски модели за предвидување, информира Управата за хидрометеоролошки работи, го покажуваат климатско сценарио за оваа зима.

Таа ќе биде со поголема веројатност за позитивни отстапувања на температурата и врнежите.

Оваа зима се очекува благ пораст на количините на врнежите.

Од УХМР напоменуваат дека сезонската тримесечна прогноза не може да обезбеди детални информации за зимски олуји, екстремно студени периоди, екстремно влажни.