Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ако нема увоз на месо, ќе се затворат фабриките
Економија

Ако нема увоз на месо, ќе се затворат фабриките

март 22, 2021Updated:март 22, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Месната индустрија најавува драстични поскапувања ако Владата за максимум еден месец не ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, освен ценовен шок за домашните потрошувачи, може да се очекува и згаснување на некои од преработувачките капацитети.

„Месната индустрија не бара субвенции од државата, туку изедначување на условите за стопанисување, со оглед дека оваа суровина целосно ја увезуваме од ЕУ каде нема царина. На тој начин, домашната месна индустрија ќе може да опстои и да го задржи постоечкото ниво на производство, нема да има отпуштање на вработените и не би биле на товар на државата“, истакна претседателот на Групацијата за производство
на месо и преработки од месо при Стопанаскта комора на Северна Македонија, Гоце Трајчев.

Во случај на неприфакање на брањето, Групацијата покрај поскапувањата и затворањето на капацитетите, најавува дека ќе бара вклучување во идните социјални пакет-мерки на Владата.

Групацијата минатата недела до Министерството за економија поднесе барање за враќање, односно за ослободување на скратените количини од последната мерка на Владата за укинивање на царинските давачки на замрзнато свинско месо за преработка. Целта на барањето е да се вратат редовните количини кои во регуларни услови на стопанисување и беа одобрувани во изминатите три години, а во октомври 2020 година беа преполовени на 3.200 тони, иако беше измината скоро една година од појавата на пандемијата.

Апелите за стимулирање на домашната потрошувачка преку пакетмерките донесени од страна на Владата делумно ја одржаа потрочувачката, но се далеку од доволни за да може месната индустрија во земјата да продолжи да опстојујва. Досега домашните производители на месни преработки не бараа никакви субвенции, ниту има користено некој од пакет-мерките, а помагаа за решавање на проблемите на домашните фармери – производители на свинско месо преку откуп на целиот вишок што го има на пазарот.

Доколку не се одобрат количините кои и претходно беа одобрувани и тоа навремено, односно за помалку од еден месец, може да случи пропаѓање на уште некој капацитет од месната индустрија. Индустријата користејки ја оваа мерка од 2018 година наваму, соодветно одговори на увозот на готови роизводи од странство преку негово намалување за над 28 отсто или од 13 милиони килограми во 2017- та на 9 милиони во 2020 година. Притоа, дел од капацитетите остварија и извоз во земјите на ЦЕФТА, истакна Трајчев.

Месната индустрија во февруари побара од Владата со петтиот пакет антикризни мерки да ги врати картичките „Купувај домашно“ за граѓаните да ја трошат државната помош на домашни производи.

актуелно поскапување сувомеснати производи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.