Министерот за економија, Крешник Бектеши, и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го потпишаа договорот за Проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија со фирмата изведувач „Конструктор“ ДОО од
Скопје.
Од буџетот на Министерството за економија за реализација на овој проект се издвоени 9,7 милиони денари, а од буџетот на Општина Чаир вкупно 1,7 милиони денари за обновување на излозите на 97 дуќани во Старата скопска чаршија.







