„Џанго“ го отвара филмскиот фестивал во Берлин

LinkSense.mk

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин ќе го отвори францускиот филм „Џанго“ за џез гитаристот Џанго Рејнхарт, на режисерот Етијен Комар.

Организаторите на фестивалот најавија дека светската премиера на „Џанго“ е закажана за 9 февруари, во текот на првата вечер на фестивалот.

Ова е прво филмско остварување на францускиот режисер Етијен Комар, кој се прослави како сценарист и продуцент на филмовите „Of Gods and Men“ и „My king“.

Дејствието на филмот се одвива во Париз во 1943 година, кога градот е под нацистичка окупација.

Директорот на фестивалот Дитер Кослик изјави дека сталната опасност, борбата и злосторствата направени против семејството на гитаристот не можеле да го натераат да престане да свири.

Жирито со кое претседава холандскиот режисер Пол Ферхофен, на 18 февруари ќе го прогласи добитникот на овогодинешната Златна мечка.