Џејмс Матис – новиот министер за одбрана на САД?

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави денес дека размислува за именување на пензионираниот генерал Џејмс Матис за нов американски министер за одбрана.

Трамп, којшто се состана со поранешниот командант на Американската централна команда, на својот Твитер профил напиша: „Матис вчера беше многу импресивен“.

„Вистински генерал на генералите!“, навел Трамп, пренесува Ројтерс.