Џонсон и Блинкен се заложија за глобална вакцинација против Ковид-19

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот државен секретар Ентони Блинкен се согласија дека е потребна глобална вакцинација против Ковид-19 за да се стави крај на пандемијата, соопшти Даунинг стрит по нивната средба во Лондон.

Премиерот и секретарот Блинкен се согласија дека глобала акциија за вакцинација ќе биде клучна за победа над пандемиајта со коронавирусот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џонсон.

Во соопштението се истакнува дека Џонсон и Блинкен ја истакнале важноста на Г-7 во оваа област, вклучително и напорите за зголемување на меѓународните производствени капацитети за вакцини.