Џонсон: „Русија е поопасен противник од Кина!“

Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави денеска дека лидерите на НАТО не ја гледаат Кина како противник на ист начин на кој Алијансата ја гледа Русија, но дека мора да земе во предвид растечкото влијание на азискиот гигант.

Џонсон им изјави на новинарите присутни на Самитот на Евроатланскиот воен сојуз во Брисел дека „Кина е гигантски факт во нашите живот и нов фактор кој НАТО мора да го земе во стратешко разгледување“.

Тој додаде дека верува дека ниедна од државите-членки на Алијансата не сака да тргне во нова Студена војна со Кина.

Џонсон истакна дека лидерите на триесетте членки на НАТО гледаат предизвици, гледаат работи кои мора да се решаваат заедно.

Учесниците на Самитот ќе усвојат коминике во кое ќе ги изнесат своите погледи на Кина и како треба да се управува со безбедносните предизвици кои ги донесува нејзиното растечко влијание.