„Ербас“ планира да вработи 3.500 луѓе во Германија оваа година.
„Околу 1.900 од нив ќе бидат потребни за изградба на цивилни авиони, 1.100 во воениот и вселенскиот сектор и околу 500 во фабриката за хеликоптери“, изјави вчера директорот за производство, Марко Вагнер.
„Пред сè ќе бидат потребни електричари, механичари и кабински работници, но и специјалисти, експерти за сајбер безбедност и програмери за горивни ќелии и хибридни погонски системи“, рече тој.
„На веб-страницата на компанијата во Хамбург ќе биде објавен оглас за околу 1.300 ‘надворешни’ работни места“, рече Вагнер.
Вагнер, меѓу другото, ги спомена декарбонизацијата, дигиталната трансформација, развојот на софтвер и сајбер-технологиите.
Од „Ербас“ велат дека минатата година вработиле 13.000 лица ширум светот, од кои половина во производство на комерцијални авиони, 30% во военото воздухопловство и околу 20% во производство на хеликоптери.
„Ова беше најбрзото зголемување на бројот на работници во историјата на Ербас“, истакна Вагнер.
„Ербас“ во моментов вработува околу 134.000 луѓе на глобално ниво, од кои 45.000 се во Германија.
На најголемата локација, во Хамбург, моментално има околу 15.000 вработени.