Најмалку пет лица загинаа кога авион експлодирал во воздух, а потоа се сруши врз објект на „Лидл“ во Португалија.
Како што пренесуваат светските медиуми, авионот паднал на објектот кој е одалечен околу 20 километри од Лисабон, а се верува дека во леталото имало најмалку четири луѓе и дека едно лице загинало долу на земја кога во негова непосредна близина паднал авионот.
Претставник на службата за вонредна ситуација Мигел Круз изјави за АП дека загинатите се пилотот од Швајцарија и тројца патници од Франција, додека долу загинал возач на камион, Португалец.
Камионџијата загинал додека истоварал трговска стока пред супермаркетот.
Според првичните информации, авионот експлодирал во воздухот, а трупот потоа паднал врз објект на супермаркет. Експлозијата се случила веднаш по полетувањето.
Спасувачки екипи и екипи на полицијата се на местото на несреќата.
https://www.youtube.com/watch?v=BLyWY3dR3hg








