Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АВРМ дава 10.000 евра неповратни средства – еве кој може да аплицира
Економија

АВРМ дава 10.000 евра неповратни средства – еве кој може да аплицира

мај 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ако сакате да основате свој бизнис и имате добра бизнис идеја, тогаш овој оглас е токму за вас.

Агнецијата за вработување на Република Македонија отвори јавен оглас, преку кој доделува грант од 5.000 до 10.000 евра, за отпочнување на свој бизнис.

ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица

1. Се охрабруваат невработени лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво).

2. Се повикуваат сите заинтересирани невработени лица, невработени млади лица до 29 години, невработени инвалидни лица кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво), да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ со цел аплицирање за учество во програмата.

3. Финансиската поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (претприемништво)опфаќа обезбедување на:

*Експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис,ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите во висина од 17.940денари;

*Неповратни средства (грант) во износ од 246.000 до 307.500 денари по корисник или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото.

*Можност за дополнително вработување на едно лице за новоотворените фирми кои ќе добијат дополнителен грант во форма на опрема и/или материјали во износ од 92.000 денари за лице над 29 години и износ од 153.750 денари за лице до 29 години;

*Правните субјекти основани од страна на инвалидни лица имаат можност за дополнителен грант за вработување до 2 (две) лица во износ од 92.000 денари за вработување на лице на возраст над 29 години или 153.750 денари за вработување на лице до 29 години, согласно условите наведени во договорот;

*Правните субјекти основани од два содружника нема да бидат поддржани со грант за 1 (едно) дополнително вработување;

*Советодавна/Менторска поддршка во период од 12 месеци од основањето на бизнисот (вкупно 120 часа менторство) само за следните целни групи: млади лица до 29 години; инвалидни лица; припадници на ромската заедница, правни субјекти основани од двајца содружници (ДОО) и жени од ранливи категории.

4. Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до 30.11.2018 година, односно се до исполнување на предвидениот број на кандидати.

5. Во оваа програма, ќе можат да се вклучат и невработените лица кои имаат завршено обука за претприемништво и/или изработено бизнис план во 2017 година.

6. Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите 5 години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.

7. Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности:

*Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, со исклучок на органско земјоделско производство;

*Бизниси во дејност од класа 49.32 – Такси служба;

*Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муниција;

*Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување.

По исклучок, невработените инвалидни лица и невработените лица Роми, ќе можат да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба.

8. Правата и обврските помеѓу АВРМ, УНДП и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 09:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.avrm.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.

агенција вработување грантови самовработување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.