Австралиските служби за итни интервенции се подготвуваат за потенцијална катастрофа, откако претходно мораа да скротат повеќе од 50 пожари во државата Нов Јужен Велс поради топлотниот бран кој го зафати источниот брег од земјата.
Метеоролозите стравуваат дека температурите би можеле да достигнат 48 Целзиусови степени во некои области.
Ова се најтоплите февруарски денови во забележаната историја на Австралија, пренесе Ројтерс.
На луѓето им е забрането да палат огнови, а некои поголеми спортски настани се откажани.
Во Нов Јужен Велс денес е измерена температура од 47 Целзиусови степени што довело до голем притисок на електромрежата, заради што се очекуваат масовни исклучувања.







