Најмалку две лица се потешко повредени кога утринава во близина на градот Санкт Пелтен, на североистокот на Австрија, од шини излетаа два од трите вагони на возот во кој се наоѓале 80 луѓе.
Несреќата се случи малку по 7.00 часот во близина на селото Велендорф.
Според првите неофицијални информации има дваесетина лица со полесни повреди.
Причините за несреќата засега не се познати.







