Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги отфрли сите дела од обвинението кое Обвинителството за стопански кримиал и корупција го подигна против него.
Курц за весникот „Клаје цајтунг“ и ОРФ изјави дека истрагата против него, заради сомнение за проневера, подмитување и примање поткуп, е исконструирана.
„После кратко време повторно се појавуваат сови обвиненија, кои, како и оние првите, се исконструирани, и пак по ист систем“, се користат делови од СМС пораки и се ставаат во погрешен контекст. Вистината ќе исплива на виделина“, нагласи тој.
Потсето на претходните обвиненија за, наводно, лажни искази дадени пред истражниот одбор во австрискиот парламент во аферата „Ибица“.
Истражители од Обвинителството денес направија претсес во повеќе станови чии сопственици се лица блиски на Курц, но и во канцеларии во кабинетот на канцеларот, и во централата на Народната партија на Австрија (ОВП), чиј лидер е тој.
(Фото: АП)







