Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Автобусот на Дурмо турс имал вграден уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента
Судски процеси

Автобусот на Дурмо турс имал вграден уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента

ноември 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во автобусот на Дурмо турс имаше вградено уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента, изјави на денешното рочиште за автобуската
несреќата кај Ласкарци еден од возачите, што на денот на несреќата со истиот автобус на Дурмо турс возел на релацијата од Гостивар до Скопје.

Тој кажа дека биле група од тројца возачи на тој автобус и сами воделе и пополнувале тахографска лента и патен налог за секоја релација.

„Не знам кој вградил таков уред. Мене не ми беше потребен и не користев. Знам дека во двата автобуса што ги возев имаше таков уред што се активира со копче на левата страна на воланот, изјави сведокот Џемаил Салии.

Прашан дали можеле да заменат гума или однесат автобус на технички преглед без да знае Ремзи Мифтари, сведокот рече не, појаснувајќи дека за се му кажувале на Ремзи.

Претходно беше сослушан сведок, кој со приватен автомобил возел зад автобусот на Дурмо турс.

Сведокот кажа дека бил сам во возилото и возел во средната лента позади автобусот и не приметил ништо невообичаено кај автобусот, како чад, истекување или друго нешто.

„Видов како оди по средната лента и добив впечаток како да претекнува.

Кога стигнав на крај од кривината видов како веќе автобусот ги имаше пробиено заштитните огради, изјави сведокот.

Посочи дека потоа застанал на десната помошна лента и истрчал да помогне.

На дел од сослушувањето на сведокот, обвинителот побара вкрстено да го испраша поради неконзистентност на неговиот денешен исказ со тој во Обвинителството. Судот го прифати, но настана технички проблем со микрофоните во судницата и јавноста не можеше добро да го следи понатамошниот дел од сослушувањето, кое сепак продолжи. Откако заврши со прашања јавниот обвинител, судот даде пауза од 15 минути, а по паузата повторно се продолжи со вкрстени прашања од одбраната.

На прашање од одбраната, бидејќи претходно кажал дека се движел со брзина од околу 70-75 километри на час, да објасни дали со таа брзина му се доближувал или одалечувал на автобусот, сведокот не можеше точно да каже.

„Не можам точно да кажам. Јас возев со ококу 75 – 80 километри на час, изјави сведокот, објаснувајќи дека го гледал автобусот во задниот дел, но не може да каже дали го стигал или не.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

На денешното испитување на повредената патничка и по реакциите на јавниот обвинител дека бранителите не би требало да си приговараат едни на други кога поставуваат прашања, дел од адвокатите на обвинетите реагираа дека тие имаат различни одбрани и дека доколку понатака во постапката бидат ослободени, може да се приклучат и на страната на прогонот.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари, годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно брзина дурмо турс мнипулирање тахограф
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.