Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Агелер: Одлично е што претседателката Сиљановска-Давкова оди во Бугарија
Македонија

Агелер: Одлично е што претседателката Сиљановска-Давкова оди во Бугарија

септември 13, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека е добро што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе оди во Софија каде ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на Македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди..

Агелер во вчерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека колку државите соработуваат како соседи, толку поголем ќе биде напредокот за сите граѓани.

– Според мене е одлично што претседателката оди во Бугарија на покана на претседателот Радев. Овие врски во регионот се многу важни, бидејќи сте соседи. Колку се посилни односите меѓу соседите, толку побезбедна, попросперитетна и стабилна може да биде секоја земја, рече Агелер.

Во однос на именувањето на нови членови на Историската комисија со Бугарија, Агелер вели дека историјата е важна, но дека исто толку е важно да се разговара и за иднината.

– Една од работите што ги разговарав и со претходната влада и сега со оваа нова Влада е тоа дека историјата е многу важна, таа не дефинира сите нас. Нашата историја како држави не донесе таму каде што сме денеска. Не само што е важно да се разговара за историјата, знам дека ова е дел од билатералните и меѓународните договори, исто така е важно да се разговара и за иднината. Мојата основна надеж е дека како што зборуваме за споделената историја која Северна Македонија ја има со своите соседи, посебно со Бугарија, исто така зборуваат како ќе одиме напред во однос на транспортот, енергетиката, образовните размени… се надевам дека не гледаат само во историјата, туку дека гледаат и кон иднината, рече Агелер.

Во однос на изборите во САД и каква ќе биде поддршката по изборот на новиот американски претседател, Агелер рече дека без разлика на исходот од изборите, САД ќе останат силен пријател, сојузник и партнер на земјава.

– Нашето пријателство и поддршка нема да се променат. Тоа ќе остане цврсто и може да ве уверувам дека додека сум овде како амбасадор ќе направиме се што можеме да ги поддржиме програмите на кои напорно работевте дури од независноста, рече Агелер.

 

 

 

Фото: Принтскрин

агелер актуелно бугарија Силјановска-Давкова
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.