Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Адеми: Имаме два целосно нови закона за образованието, на потег е Собранието
Во Фокусот

Адеми: Имаме два целосно нови закона за образованието, на потег е Собранието

јули 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот Арбер Адеми очекува конструктивна дебата во Собранието за Предлог-законот за основно образование и за Предлог законот за наставници и стручни соработници во основно и средно образование, кои вчера беа усвоени на седница на
Влада.

„Имаме два целосно нови закони суштински важни за образовниот систем, сега е Собранието на потег. Во интерес на времето, очекувам час поскоро да почне расправата и по целосно исцрпување на дискусијата, законите да бидат усвоени и да стапат во сила со стартот на новата учебна година“, истакна Адеми денеска на прес-конференција во Владата.

Рече дека законот за основно образование се фокусира на подобрување на квалитетот на наставата и воопшто на воспитно-образовниот процес, им дава повеќе можности на учениците со фокус на тие што се со посебни образовни потреби.

Новини во законот има и за организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), кариерен развој на
наставниците…

Согласно со препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ, ќе нема намалување на бројот на часовите бидејќи ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји.

Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

Учениците со најтежок вид попреченост ќе може дел од наставата да ја продолжат во посебните училишта со ресурсен центар по нивна или желба на нивните родители, согласно со препораките на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ) на Светската здравствена организација.

На реакциите во врска со оваа мерка, Адеми одговори дека треба да му се даде шанса на секое дете и дека согласно со проценката за попреченост според МКФ, за овие деца ќе се подготви индивидуален образовен план според можностите на детето.

Министерот појасни дека во проценката ќе се вклучат претставници од здравство и од МТСП.

Инклузивните тимови ќе бидат составени од лични асистенти (помош на детето за лична хигиена, поддршка за движење итн) и образовни асистенти.

Планирано е асистентите од 2022 да бидат вработен наставен кадар во училиштата.

Засега 300 лични и образовни асистенти се ангажирани во редовните училишта.

Стручни тела (психолог, специјален едукатор, психијатар и педијатар) ќе проценуваат според МКФ за дополнителна поддршка на детето и колку часа дневно или неделно му се потребни.

Засега во земјава работат три пилот-стручни тела за проценка, а во план е да има осум.

Во однос на новините за наставниците, тие ќе се мотивираат со кариерен развој.

Адеми нагласи дека не се ориентирани кон казнување, туку кон мотивирање на наставниците и затоа е укинато екстерното тестирање и рангирањето на училиштата.

адеми актуелно образование реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.