Израел одобри купување на трета ескадрила Ф-35, „невидливи“ борбени авиони од американскиот производител „Локхид Мартин“, како дел од договорот вреден три милијарди долари, објави вчера израелското Министерство за одбрана.
Дополнителните 25 авиони ќе го зголемат бројот на Ф-35 авиони во израелските воздухопловни сили на 75, соопшти министерството, додавајќи дека таа работата ќе се финансира преку пакетот одбранбена помош што Израел го добива од САД.
Израел беше првата земја надвор од САД што купи Ф-35.
Во мај 2018 година, командантот на неговите воздухопловни сили рече дека Израел е првиот што го користел авионот во борба.
Ф-35 во Израел е познат по своето хебрејското име „Адир“ (Моќен).
„Адир“, притоа, не се разликува од другите Ф-35 само по називот. Имено, Израел од Американците доби опција за нив да се произведе посебна, специјална, варијанта на овој борбен авион, во која се вградени низа израелски системи, па и оружје – многумина сметаат дека оваа верзија на Ф-35 е најмоќната на бојното поле.
„Локхид Мартин“ и производителот на мотори „Прат и Витни“ се договорија да ги вклучат израелските одбранбени компании во производството на компоненти за авиони, соопшти израелското Министерство за одбрана.
Главната предност на Ф-35 се неговите „стелт“ карактеристики (значително намалена радарска видливост), благодарејќи на кои би требало значително поуспешно да ги избегнува непријателските ПВО системи, но и борбените авиони.Американците на неговиот развој и досегашно производство потрошиле повеќе од 412 милијарди долари (податоци од септември минатата година), а досега се произведени повеќе од 935 примероци, што за американски потреби, што за воздухопловните сили на нивните сојузници.
„‘Стелт’ карактеристиките го прават Ф-35 невидлив за руските радари, додека неговите напредни сензори и системи за оружје му овозможуваат со исклучителна прецизност да открива, нанишанува и погодува цели на големи растојанија.
А, напредните одбранбените системи му даваат на авионот голема шанса да преживее во борбени околности“, напиша неодамна поранешниот командант на силите на НАТО во Европа, пензионираниот американски генерал Филип Бридлав.
Освен што има голема вредност како средство за одвраќање на непријателот, Ф-35 на сојузниците им дава одлична можност за интероперабилност меѓу повеќе системи на оружје, за која Бридлав истакнува дека е „есенцијална“ за ефикасно спроведување на операциите на НАТО.
Заради погоре наведените карактеристики, голем број земји членки на НАТО веќе го набавија, или се во процес на набавка на овој борбен авион од петтата генерација.
Освен Америка, која како главен производител, оператор и нарачател ќе набави над 2.600 од овие авиони, тука се и Обединетото Кралство, Италија, Холандија, Норвешка, Канада, Данска, Белгија, Полска, Финска и Германија.
Ф-35 има и Израел, а на нив летаат и јапонски, австралиски и јужнокорејски пилоти, а ги купуваат и Сингапур и Швајцарија. Се очекува дека Ф-35-ки ќе нарачани уште најмалку две НАТО членки – Чешка (нивното потенцијално купување неодамна беше одобрено од САД) и Романија.
Многумина мислат дека и Грција нема да им „одлее“, иако Атина купува француски „Рафали“ и има голем број ловци Ф-16 кои моментно се надоградуваат по најнови стандарди.







