Дел од аеродромот во Ница е евакуиран на неколку часови, после наводите за закана со бомба, по пронаоѓањето на сомнителен пакет.
Подоцна, како што јавуваат медиумите, било утврдено дека пакетот оставен на Терминалот 2 бил заборавен багаж од еден патник.
Сепак, на безбедносните капии избил хаос, а инцидентот довел и до одлагање на неколку летови.







