Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Азиски берзи: Остар пад на индексите поради стравувањата од глобална рецесија
Берза

Азиски берзи: Остар пад на индексите поради стравувањата од глобална рецесија

септември 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Цените на азиските акции денеска остро паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат дека зголемените трошоци за задолжување ќе предизвикаат глобална рецесија, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во 20 години.

Индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 7 часот беше намален за 1,9 отсто, паѓајќи на најниското ниво од април 2020 година.

Притоа, на берзата во Токио, индексот Никеи падна за 2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,7 и 2,8 отсто.

Азиските инвеститори се загрижени за зголемените трошоци за задолжување, со оглед дека централните банки ширум светот ги зголемуваат каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата.

Така, на пример, приносите на американските 10-годишни државни обврзници надминаа 4 отсто, за прв пат од 2010 година.

„Сега е јасно дека централните банки на развиените земји ќе ја заострат монетарната политика на толку агресивен начин што не се памети барем 30 години. И иако ова е неопходно за да се спречи инфлацијата, тоа значително ќе ја чини економијата. Следната година очекуваме глобална рецесија“, вели Џенифер Мек Кеун, директорка во „Капитал Економикс“ (Capital Economics).

Поради ова утринава значително паднаа и американските индекси. СиП 500 (S&P 500) моментално е во минус 0,8 отсто, така што попладнево би можел да забележи пад седми ден по ред.

Имено, на Волстрит вчера тој индекс се лизна шести ден по ред, за 0,2 отсто, спуштајќи се на најниско ниво во речиси две години.

Ова е резултат на стравувањата на инвеститорите дека агресивното заострување на монетарната политика од страна на ФЕД ќе ја турне економијата во рецесија.

Минатата недела ФЕД ги зголеми каматните стапки трет пат по ред за 0,75 процентни поени, во опсег од 3 до 3,25 отсто, што е нивно највисоко ниво од 2008 година.

А, челниците на ФЕД изјавија дека дополнително ќе ја зголемат цената на парите за да ја намалат инфлацијата од највисоките нивоа во повеќе од 40 години.

Затоа, на пазарот овие денови најмногу се шпекулира за тоа колку ФЕД би можел да ги зголеми каматите.

Џејмс Булард, претседател на огранокот на ФЕД во Сент Луис вчера се залагаше за дополнително зголемување на каматите, додека Чарлс Еванс, претседател на ФЕД во Чикаго, рече дека централната банка треба оваа година да ги зголеми каматите за најмалку уште еден процентен поен.

„Тоа е разочарувачки, но не и изненадувачки. Инвеститорите се загрижени за каматните стапки и состојбата на економијата“, вели Роберт Павлик, менаџер во компанијата „Дакота Велт“ (Dakota Wealth).

Аналитичарите на банката „Велс Фарго“ вчера објавија проценка дека каматите на фондовите на ФЕД во првиот квартал од следната година би можеле да бидат во опсег од 4,75 до 5,00 отсто.

Агресивните планови на ФЕД за ограничување на инфлацијата на планираните 2 проценти со години ќе го забават растот на економијата и ќе ја зголемат невработеноста.

Затоа, инвеститорите стравуваат дека најагресивното зголемување на каматите на ФЕД во историјата ќе ја турне економијата во подлабока рецесија.

Технички, американската економија веќе западна во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали паѓа на квартална основа, но засега оваа рецесија е плитка.

По остриот пад во последните недели, индексот СиП 500 (S&P 500) е намален за околу 24 отсто во споредба со почетокот на годината, спуштајќи се на најниското ниво од ноември 2020 година.

актуелно банка берза инвеститори камата
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.