Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ако не избереш вакцина, ќе те избере вирусот
Коментар

Ако не избереш вакцина, ќе те избере вирусот

август 24, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Три пати со неверица морав да ја препрочитам информацијата дека некој ги оштетил бакарните цевки за довод на кислород во тетовската болница, доведувајќи ги во опасност животите на 120 пациенти. Не била ни несолена хумореска, ни црн хумор, туку страотна вистина. Одговорните од болницата велат дека била голема среќа што не е пресечена главната цевка, па така е избегната трагедија. Ако немало среќа, ќе се задушеле луѓе како во гасна комора. Прво што му паѓа на човека на ум кога ќе прочита вакво нешто е дали е можно тоа да се случи, кои се и какви се тие луѓе кои дошле да сечат цевки во болницата. Како тоа може да се случи да бидат лесно достапни доводи на кислород. Дали се во прашање психопати, лудаци, или обична кражба на бакар која можеше да предизвика ужас.

Да се надеваме дека истрагата брзо ќе даде одговори за што станува збор, за сторителите, кои биле нивните мотиви, но и за јавашлукот на одговорните во болницата да не бидат обезбедени и под постојан надзор витални технологии од кои зависат животите на пациентите. Како и да е, овојпат опомената е драматична – да се преземат неопходните мерки секаде каде што има лесен и необезбеден пристап до болничка опрема со чие оштетување може да се предизвика нечија смрт.

Приказната за веста и за демантот

Меѓутоа, што правиме со едни други цевки низ кои слободно дуваме опасни вируси на Ковид – 19  и разни други мутации во устите на други луѓе. Колкава е разликата од оние што ги оштетиле бакарните цевки за довод на кислород во тетовската болница со оние, исто така, баш во Тетово,  кои знаеле дека се заразени од вирусот и имале симптоми, но спокојно заминале на свадба да се веселат во ресторан каде што имало стотици луѓе. Да, разликата е огромна. За оштетените цевки се оди во затвор, а за свесно изложување на опасност на животите на голем број луѓе, иако во законите има санкции, не се одговара- барем досега никој не седнал на обвинителна клупа за  такво кршење на законите ширејќи ја свесно пандемијата.

Или, колкава е разликата на оние кои ги оштетиле цевките со довод на кислород со оние кои ја доведуваат во прашање оправданоста од вакцинирање јавно преку медиумите тврдејќи дека најголем број од хоспитализираните пациенти на Инфективната клиника во Скопје веќе имале примено две вакцини. Со други зборови, бадијала ви се вакцините, тие ништо не помагаат.

Кога ќе пуштите ваква вест на национална телевизија која ќе ја приграбат со радост и антиваксерите по социјалните мрежи, можете да демантирате илјада пати и да презентирате стотици факти дека станува збор за дезинформација, односно дека само десет отсто од заболените што се на Инфективната клиника се со примени две вакцини и се со лесни симптоми, тоа нема да ви помогне многу.

Одамна ја знаете добро познатата приказна за веста и демантот. Но, на ова место и во време на пандемија прикладно е и поучно да ја повториме. Ако распарате перница и ги пуштите пердувите од највисоката зграда да летаат на сите страни, тоа е веста. А, демантот е повторно да ги соберете пердувите и да ги вратите во перницата. Се разбира, никој никогаш не ги собрал пердувите од лажната вест. Кога во едни дамнешни времиња е соопштена оваа голема вистина за новинарството, немаше интернет и социјални мрежи. Е сега можете да замислите кога не треба да се качувате на зграда и да ја распарате перницата, туку спокојно седејќи во кафуле, или дома ќе си стокмите една лажна убаво спакувана приказна и ќе ја пуштите преку мобилниот  слободно да лета во етерот. За тоа нема никаква одговорност, дури и ако некој се обиде да ве тужи, ќе скокнат првоборците и еснафските здруженија да ве бранат за нарушување на слободата на говорот и демократските права. Ловците на лажни вести се пожестоко напаѓани, од оние кои ги фабрикуваат. И конечно и да ве откријат, ништо не е здодевната вистина како атрактивноста и интересноста на лагата.

Како да ги препознате лицемерите

За мене најлоши се политичките лицемери и партиски агитатори затоа што тие добро ја знаат вистината за вакцините, ама најдобро ловат во матно, особено пред избори. Лесно се препознатливи, можете веднаш да ги откриете. Ги употребуваат истите зборови како папагали. Првите реченици секогаш им се демагошка ограда. Својот јавен настап обично го почнуваат со: јас сум вакциниран, ама никој не смее да го ограничува правото на граѓаните слободно да се движат. Тоа што оваа научна вистина е потврдена од најголемите здравствени авторитети во светот, за нив не преставува никаков аргумент. Напротив, тоа е само уште еден доказ да се  поттикнат сомнежите во светски завери дека вирусите се измислица и слични глупости кои наидуваат на плодното тло на примитивизмот и заостанатоста, одлично тесто за предизборно месење.

Не можам, а да не ги потсетам во оваа прилика малку повозрасните генерации да им пренесат на своите поколенија, на помладите како ние се вакциниравме, или како што тогаш се викаше пелцување. Ќе дојдеа сестрите и лекарите на училиште и убаво еден по еден на ред ќе го креневме ракавот. По 15 дена на проверка, кај што не е фатено уште еднаш и готово. На тој начин се спасени илјадници животи од разни заразни болести. Не велам дека немало несакани случаи, но оправданоста од вакцини никогаш никој не ја оспорувал. Во право се познатите светски епидемилози кои и денес тврдат дека големо прашање е дали воопшто ќе опстанело човештвото ако не биле измислени вакцините, за што не случајно се доделени и Нобелови награди. Убаво паметам и кога избувна опасната Вариола вера. Навистина тогаш се применети најригорозните ограничувања на движењето на луѓето, многумина епидемијата ги покоси, особено здравствените работници, но заразата беше совладана за рекордно брзо време. Нема ништо поскапоцено од човечкиот живот. Затоа неопходно е правото на избор да го сведеме на единствен избор да се вакцинираме што побрзо, така ќе се заштитиме и себе си и своите најблиски, така ќе си ја заштитиме и својата земја. Материјалните штети и загуби можат делумно, или целосно со тек на време да се надоместат, но изгубените животи не можат. Вакцината ни е најдобрата заштита, подобра уште не е измислена.

 Ерол Ризаов

 извор: ДВ
вакцини ерол ризаов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Хамнеи, мртов е поопасен!

март 2, 2026

Мртовиот Епштајн ги потресува живите!

февруари 9, 2026

Европа бара дијалог со Русија, Канада во стратешко парнерство со Кина

јануари 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.