Неколку десетици еко активисти, од кои многумина беа облечени во костими на пингвини, се обидоа вчера да одржат состанок на берлинскиот аеродром Тегел во знак на протест против емисијата на гасови кои настануваат во авионскиот сообраќај.
Околу 50 германски активисти се собраа на главниот влез на аеродромот, после што беа опкружени од полициски сили.
Климатските активисти тврдат дека авиопревозниците најмногу се одговорни за емисијата на јаглен диоксид и други гасови кои доведуваат до глобално загревање и ефекти на стаклена градина.
Тие бараат авионскиот сообраќај драстично да се редуцира во сите земји во кои се достапни алтернативни превозни средства.
Портпаролот на аеродромот Хан Хенман рече дека протестот „немал влијание“ на обавувањето на планираните летови.