Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Активни 1905 случаи на заболени со Ковид-19, хронично болните лица се враќаат на работа
Во Фокусот

Активни 1905 случаи на заболени со Ковид-19, хронично болните лица се враќаат на работа

септември 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во моментов се активни 1905 случаи на заболени од Ковид-19, досега од вирусот оздравеа 12754, а починаа 634 лица.

Од Институтот за јавно здравје забележаа дека минатата недела е зголемен бројот на заболени и хоспитализарани од Ковид-19, најмногу се на возраст меѓу 30 и 39 и над 60 години.

Од Здруженијата на пациенти побараа посебни критериуми за враќање на работа на хронично болните лица, Владата одлучи тие да се вратат на своите работни места, со исклучок на лицата со влошена здравствена состојба, кои ќе користат боледување.

Најмногу активни случаи на заболени од Ковид-19 има во Скопје–588, Куманово 230, Дебар 31, Штип 90, Прилеп 140, Тетово 105, Струга 60, Велес 21, Битола 40, Охрид 53, Кавадарци 26, Гостивар 103, Гевгелија 45, Струмица 30, Крива Паланка 18, Радовиш 8, Крушево 1, Кочани 39, Пробиштип 16, Демир Хисар 2, Македонски Брод 13, Пехчево 26, Берово 35, Валандово 2, Виница 27, Делчево 80, Кратово 6, Свети Николе 25, Кичево 40 и Неготино–пет.

„На Инфективната клиника хоспитализирани се 87 пациенти од кои на кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и три мајки позитивни на Ковид-19, пет деца и две мајки суспектни на вирусот. Во
ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 26 пациент од кои на респираторна машина се четири пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, соопштија од Министерството за здравство.

Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на минатата недела (од 31
август до 6 септември) тестирани се вкупно 9.734 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е за 2,1 отсто помалку во однос на седмицата пред неа.

Минатата недела (од 31 август до 6 септември) се регистрирани вкупно 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, што е зголемување од 18,9 отсто во однос на седмицата пред неа.

Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје (n=221; 28 отсто).

Во истиот период, во 17 града, бројот на новодијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8,1 отсто, што
претставува зголемување од 1,4 отсто во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30 до 39 и над 60 години со 174 (22 отсто) и 172 (21,8 отсто) позитивни, соодветно.

Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40 до 49 години (n=134; 17 отсто), на возраст од 50 до 59 (n=129; 16,3 отсто) и на возраст од 20 до 29 (n=118; 14,9 отсто).

Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=22; 2,8 отсто) и на возраст од 10 до 19 години (n=40; 5,1 отсто).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=756; 95,7 отсто),
регистрирани се 132 (16,7 отсто) хоспитализирани, што претставува
зголемување од 85,9 отсто споредено со минатата недела, а кај 219 (29
отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Здруженија на пациенти побараа Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да објават листа на коморбидитети кои се забележани кај починатите од Ковид-19 (тие дијагнози соодветно да се
ослободат и понатаму од работа), дел од хронично болните кои се со најголем ризик на смртност од Ковид-19 да останат ослободени од работа (списокот на најризичните хронични болести да биде доставен од соодветните клиники до Комисијата за заразни болести), а враќањето
на работа на хронично болните да се одвива според одредени критеритуми, бидејќи сите пациенти со хронични заболувања не се со
висок ризик.

Владата на вчерашната седница го усвои предлогот на Комисијата за
заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци.

„Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување“, информираат од владината прес-служба.

Во рамки на седницата е одлучено бремените жени да продолжат да ги
користат владините мерки.

актуелно Ковид-19 Работа хронично болни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.