Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » АКЦИОНЕРИТЕ ВО ПРВ ПЛАН: „Шел“ повторно ја зголеми дивидендата
Финансии

АКЦИОНЕРИТЕ ВО ПРВ ПЛАН: „Шел“ повторно ја зголеми дивидендата

јуни 16, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британската нафтена компанија „Шел“ денеска објави дека повторно ќе ја зголеми дивидендата за 15 отсто и ќе го зајакне производството на природен гас, откако раководството сигнализираше обновен фокус на фосилните горива, кои минатата година му донесоа рекорден профит за секторот.

„Шел“ одлучи постепено да го подига нивото на дивиденда, откако претходното раководство направи големо намалување со избувнувањето на пандемијата.

Со најновото, последно, зголемување, кое ќе стапи на сила од второто тромесечје, дивидендата на „Шел“ сеуште е околу 30 отсто под нивото пред пандемијата.

Покрај зголемувањето на дивидендата, компанијата продолжи да спроведува сопствена програма за откуп на акции во кварталот од најмалку 5 милијарди долари, додека годишните капитални вложувања се очекува да бидат во опсег од 22 до 25 милијарди долари во периодот меѓу 2024 и 2025 година, во споредба со 23-27 милијарди долари оваа година.

„Шел“, сепак, и после зголемувањето, заостанува зад своите американски колеги кога станува збор за политиката на дивиденда.

Нафтената компанија ќе се обиде да го развие својот интегриран бизнис со гас и да го стабилизира производството на нафта до 2030 година, откако тоа падна за околу 20 отсто во однос на врвот што беше постигнат во 2019 година. Компанијата повеќе нема да има за цел да го намалува производството на нафта за 1-2 отсто годишно, откако го оствари почетниот план за намалување на производството побрзо од очекуваното, се со цел да се намалат емисиите на јаглерод диоксид.

Од компанијата велат дека планираат да инвестираат 10-15 милијарди долари од 2023 до 2025 година во извори на енергија со низок степен на јаглерод, како што се биогорива, водород, полнење електрични возила и геолошко складирање на јаглерод диоксид.

Овие капитални вложувања, истакнуваат од „Шел“, ќе треба да се придржуваат до заложбите на компанијата да им испорача повеќе пари на акционерите. Акциите на „Шел“ на берзата во Амстердам забележаа раст од 1,2 отсто, сега чинат по 27,5 евра, и се со вредност приближно онолку колку што беа пред почетокот на пандемијата.

актуелно акции дивидента нафта Шел
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.