Шпанската полиција заплени древен златен накит од Украина со проценета вредност од над 60 милиони евра.
Уапсени се тројца шпански и двајца украински државјани, меѓу кои и еден православен свештеник, соопшти вчера полицијата.
Запленети се 11 парчиња накит кои потекнуваат од времето на Скитите, помеѓу 8 и 4 век п.н.е. Скитите талкале по земјите северно од Црното Море, што е денешна Украина и јужна Русија.
Накитот последен пат беше виден на изложба во Киев помеѓу 2009 и 2013 година. Во одреден момент, пред мај 2016 година, илегално е изнесен од земјата.
За лицата кои се уапсени се постои сомневање дека се дел од банда која планирала да го продаде накитот.
Уапсениот свештеник наводно во соработка со сонародник и други фалсификувал документи, според кои накитот е црковна сопственост.
Не се соопштува точно на која украинска црква. Накитот ќе биде проучен од експерти во Националниот музеј за археологија, а потоа вратен во Украина, соопшти полицијата.







